Петир: Македонија е независна и суверена држава и нејзиниот уставен интегритет треба да се почитува

Hrvatica-02-1.jpg

Според Маријана Петир, политичката криза во Македонија трае предолго и стана сериозна пречка за напредокот на земјата, функционирањето на институциите и секојдневниот живот на граѓаните

Европратеничката од Хрватска и прв човек на „Групата на пријатели на Македонија во Европскиот парламент“, Маријана Петир пред малку испрати соопштение во кое ја потенцираше поддршката за нашата држава, порачувајќи дека Република Македонија е независна и суверена држава и оти нејзиниот уставен интегритет треба да се почитува.

Според Петир, политичката криза во Македонија трае предолго и стана сериозна пречка за напредокот на земјата, функционирањето на институциите и секојдневниот живот на граѓаните.
– На Македонија и треба политичка стабилност за да се продолжи со реформите. Ги повикувам главните политички актери во Македонија да се надминат разликите што ги разделуваат за доброто на сите граѓани на Македонија и заеднички да се најде решение за кризата. Сепак, морам да го потенцирам несоодветното мешање на други земји во внатрешните работи на Македонија. Македонија е независна и суверена држава и нејзиниот Устав и интегритет треба да се почитува, рече Петир.

Коментирајќи во врска со усвоената Резолуција на Европарламентот за Македонија, хрватската европратеничка рече дека е задоволна затоа што Европскиот парламент повторно го повика Европскиот совет да се разгледа прашањето за почеток на пристапните преговори со Република Македонија што е можно поскоро, и за она што го застапува особено имајќи предвид дека Македонија сосема неоправдано е под опсада повеќе децении.

Петир го пофали напредокот во билатералните односи меѓу Македонија и Грција и се истакнува дека билатералните прашања не треба да биде пречка за почетокот на пристапните преговори и дека отворање на преговорите може да го понуди посилна рамка за решавање на постојните билатерални проблеми.

На крајот во своето соопштение, претседателката на „Групата на пријатели на Македонија во Европскиот парламент“, нагласи дека Македонија е дел од европското семејство и изрази надеж дека Советот ќе ги слушаат препораките и повиците на Европарламентот и Комисијата за отворање на првите поглавја во процесот на пристапување на Македонија во ЕУ.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail