ПЕТТИ РЕГИОНАЛЕН КОНГРЕС НА СТУДЕНТИ ПО СОЦИЈАЛНИ РАБОТИ

PETTI-REGIONALEN-KONGRES-NA-STUDENTI-PO-SOCIJALNI-RABOTI.jpg

ПЕТТИ РЕГИОНАЛЕН КОНГРЕС НА СТУДЕНТИ ПО СОЦИЈАЛНИ РАБОТИ

Институтот за социјална работа и социјална политика заедно со Асоцијацијата на студенти по социјална работа се домаќини на овогодинешниот регионален конгрес на студенти по социјална работа.
Регионалниот конгрес на студенти по социјална работа (#RKSSR) е меѓународен настан на кој земаат учество студенти по социјална работа и социјална политика, од 8 универзитети во регионот. Конгресот традиционално се одржува веќе 4 години, а предвидено е оваа година Скопје да биде град – домаќин. На когресот земаат учество студенти од следните градови: Скопје, Белград, Подгорица, Бања Лука, Мостар, Сараево, Загреб и Љубљана.

Настанот е во траење од 4 дена во период од 11.05-14.05.2017 година.

Секој универзитет го претставуваат 6 студенти кои ќе имаат свое излагање на 3 теми од областа на социјалната работа и социјалната политика. Како домаќини на овогодинешниот конгрес, избравме три актуелни теми и тоа:

–    Предизвици со кои се соочува социјалниот работник во работа со маргинализирани групи

–    Социјалната работа во контекст на заштита на деца од злоупотреба

–    Учество на младите во креирање на социјални политики

Конгресот ќе се оддржи во просториите на Филозофскиот факултет – Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Истиот ќе биде медиумски покриен од повеќе телевизии и интернет портали.

КОИ СЕ ЦЕЛИТЕ НА КОНГРЕСОТ?

•    Компарација на состојбите помеѓу земјите во регионот, како на социјалните проблеми, така и во практитките и политиките на социјалната работа и политика за справување
•    Размена на искуства помеѓу студентите на меѓународно ниво
•    Развивање на меѓународната соработка
•    Проширување на знаењата во одредени домени од социјалната работа и политика
•    Можност за дебатирање, критика и предлог мерки за решавање на актуелни социјални проблеми
•    Промоција на социјалната работа како професија и подобрување на статусот на социјалниот работник во општеството

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail