Пијанистот Арда Мустафаоглу освои прво место на натпреварот „Антонио Салиери“

arda-mustafuoglu.jpg

Пијанистот Арда Мустафаоглу освои прво место на осмиот интернационален натпревар на млади музичари „Антонио Салиери” кој се одржуваше од 30 март до 2 април во Легнаго–Верона, Италија.

Педесет и шест млади пијанисти од Кина, Швајцарија, Италија, Летонија, Босна и Херцеговина, Србија, Македонија и Албанија беа оценувани од интернационално жири. Арда Мустафаоглу го освои првото место во категоријата за пијанисти до петанаесет години.

Арда Мустафаоглу учи во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје. Досега има освојувано први места на меѓународни натпревари во Македонија, Србија, Албанија, Бугарија, Италија, како и на интернет меѓународни пијано натправари.

Редовно настапува на годишните и новогодините концерти на ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, има солистички концерти и настапува со Македонската филхармонија.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail