pinterest-e1550854082960.jpg

Социјалната мрежа Pinterest за својата јавна иницијална понуда одреди почетна цена од 15 до 17 долари по акција, што значи дека вредноста на компанијата би можела да достигне речиси 12 милијарди евра. Меѓутоа, тоа и понатаму е пониска вредност од неодамна објавената проценка на вредноста од страна на Pinterest.
Компанијата минатата година имаше приходи во износ од 756 милиони долари, што е за 60% повеќе во однос на 2017 година. Исто така, прокнижи загуба од 63 милиони долари во 2018 година во споредба со 130 милиони долари во 2017 година. Компанијата е основана во 2010 година.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail