Пивара Скопје вработува – Плата 46.000 денари

pivara-skopje.jpg

РАБОТНО МЕСТО: ЛИДЕР НА ТИМ ВО СМЕТКОВОДСТВО

Работна позиција исполнета со предизвици, проектни и работни задачи и наменски обуки.

Што е тоа што бараме:

• Висока стручна подготовка – ВСС VII/1 од областа на сметководството и финансиите

• Познавање на МСФИ, примена на сметководствени принципи и законски прописи

• Најмалку 3 години работно искуство во областа на финансиите – со предност во сметководството

• Мотивација за работа во динамична работна околина и работа во тим

• Организациски способности и исполнување рокови

• Подготвеност за усогласување и унапредување на процесите со најдобрите практики

• Одлично познавање деловен англиски јазик

• Одлично познавање MS Oce (Excel, Word, PowerPoint)

• Искуството во работата со SAP ERP – систем ќе се смета за предност

Краток опис на основните одговорности:

Гарантира ефикасна организација и управување на одделението книговодство и сметководство. Одржува ефикасна поддршка на управувањето со финансиите на компанијата.

• Координирање на задачите во сметководството, решавање комплексни задачи;

• Проверка на документација за точност и усогласеност со законските прописи и меѓународните стандарди;

• Разгледување бруто-биланс, анализа на сметководствени искази, пресметка и книжење трошоци по трошковни места;

• Подготовка на извештаи за набавка на основни средства, отписи, амортизација и буџет за капитални инвестиции;

• Проверка и координација во книжење денарски и девизни плаќања;

• Проверка на налози за плаќање и усогласување салда со добавувачи;

• Координирање задачи за материјално-финансиско усогласување, усогласување разлики по попис;

• Усогласување помошни книги со главната книга;

• Други активности и задачи во процесот на подготовка на месечни, квартални и годишни извештаи.

Работниот однос се заснова на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување на договорот на неопределено време.

Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа.

Основната бруто-плата за ова работно место е 46.000 МКД. Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од максимум 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Со испраќање на оваа Ваша апликација давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од

1 (една) година.

Како да се аплицира:

Кандидатите кои ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат на следниов начин:

• да испратат свое CV (на англиски и на македонски јазик) на следната e-mail адреса: recruitmentteam.pivaraskopje@cchellenic.com или по пошта на следната адреса: Пивара Скопје AД, ул. 808, бр.12, 1000 Скопје, со назнака: До Секторот за човечки ресурси, „Лидер на тим во сметководство“, најдоцна до 25.12.2016 год.

Апликациите што ќе пристигнат по рокот предвиден за пријавување, нема да бидат земени предвид.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail