Пивска јога – нов светски тренд !

joga-640x497.jpg

Последните неколку години јогата стана вистински тренд и миони луѓе ширум светот со помош на јогата постигнуваат севкупен склад меѓу телото и душата. Сега Германците отидоа и чекор понатаму и ја споија јогата со пивото – две работи кои ја крепат душата и телото.

„Радоста на пиење пиво и практицирање јога се надополнуваат и создаваат енергично искуство“, се наведува на страниците на пивската јога на која се повеќе се приклучуваат фановите, а се говори за неа се до Австралија.

Една сесија на пивската јог атрае еден час за време на кој се практицираат таканаречени асане кои вклучуваат јога движења во комбинација со пиење пиво, како и балансирање на шишето пиво на глава.

„Многу труд е потребно за да се изведат одредени пози со шишето пиво во рацете. Исто така потребно е многу самосвест и напор за да се одржи телото во една поза. Ние филозофијата на јогата ја комбинираме со уживање со пиво се додека не го достигнеме најголемото ниво на свест“, вели една инструкторка на пивската јога.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail