Планинар „се вратил од мртвите“ – неговото срце буквално 45 минути не му чукало

Planinar-se-vratil-od-mrtvite-negovoto-srce-bukvalno-45-minuti-ne-mu-chukalo.jpg

Планинар „се вратил од мртвите“ – неговото срце буквално 45 минути не му чукало

Планинар кој што е спасен откако во тек на една ноќ се изгубил во американски национален парк, вратен е во живот, откако неговото срце застанало да работи на цели 45 минути.

Мајк Напински (45), мината недела се изгубил во националниот парк Маунт Рајнер, каде што температурите се многу ниски, пренесува Би-Би-Си.

Откако го пронашле спасувачи, бил пренесен во болница во Сиетел. По доаѓањето во болницата, Напински имал пулс, но срцето му престанало.

– Умре додека беше на одделението на итната служба, изјавила др. Џенел Баднук за Сиетел Тајмс.

Медицинскиот тим го реанимирал, па го приклучиле на апарат за оксигенација на екстракорпорална мембрана, кој ја гарантира функцијата на измена на гасовите во крвта. Тоа е форма на екстракорпорална животна поддршка при која надворешниот вештачки систем ја пренесува венската крв на пациентот до уредот за размена на гасови, каде што крвта се збогатува со кислород, додека се отстранува јаглерод диоксид. Крвта потоа повторно влегува во крвотокот на пациентот. Таквиот проток на циркулаторна крв е оптимизиран за да обезбеди соодветна поддршка на пациентот во отсуство на природна срцева или белодробна функција.

По приближно 45 минути, срцето на пациентот повторно почна да работи и тој се разбудил два дена подоцна.

– Кога се разбуди, заплака, сите заплакавме.., рече медицинската сестра Витни Холен.

Напински, кој сè уште се опоравува, за CBS изјавил дека започнал со планинарење, откако успеал да се справи со тешката зависност од дрога.

– Бев болен, но планинарењето го смени мојот животен стил. Медицинскиот персонал направи напорна работа одржувајќи ме жив, рекол Напински.

Извор: kurir.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail