ПланУМ – прв интерактивен планер во Македонија

planum-mojot-lichen-plan-za-razvoj-vo-12-meseci.jpg

По примерот на светските интерактивни планери кои стануват сè поголем глобален хит, за прв пат во Македонија се појавува во продажба ПланУМ – прв интерактивен планер со иновативна содржина и оригинален дизајн. Уникатниот производ со 230 страници во кои се сместени дневни и месечни прегледи, вежби за себе-процена и креирање на лична визија, мотивирачки мисли, месечни предизвици и анализи како и страни за канализирање на креативниот набој, се авторско дело на Александра Шаровиќ Атанасовска од компанијата „Моментис“, а како издавач се јавува издавачката куќа „Паблишер“.

Најчесто ваквите планери имаат за цел да создадат навика за секојдневно организирано планирање и следење на тековните обврски. Но ПланУМ претставува повеќе од едноставен планер на активности во текот на годината. ПланУМ е моќна интерактивна алатка за унапредување на личните потенцијали. Помага во кристализирање на посакуваните цели и во дефинирање на една детална мапа и план за нивна реализација.

За прв пат кај нас ПланУМ воведува еден уникатен и структуиран процес во 5 фази кој користи техники и вежби од коучинг методологијата со фокус на решенија, а кој помага идеите и целите на корисникот да се претворат во реалност. Преку континуирано водење на планумот овие техники успеваат кај корисникот да ослободат креативност, да потикнат планирање, систематизираност и организираност, да иницираат одговорност и најважно од се акција. Да го мотивират да превземе конкретни чекори кон она што на почеток на секој месец ќе го зацрта како своја цел.

ПланУМ делува како личен тренер или коуч кој не стимулира да се надоградуваме во позитивна, нагорна линија. Асистира во зголемување на продуктивноста кај секој поединец од кој во текот на еден работен ден се очекува вешто балансирање помеѓу активниот професионален и приватен живот.

Гледано од професионален аспект, ПланУМ претставува оптимално решение за успешно пресретнување на таргети, манаџирање на работното време, приоретизирање на активности, справување со стрес итн.

Токму поради ова, планумот е иделен продукт кој ќе најде повеќе од практична примена во поголемите компании и корпорации кои и онака се во секојдневна потрага по начини како да ја задоволат потребата од личен и професионален развој на своите вработени. ПланУМ го нуди токму тоа. Практично „џепно” решение кое суптилно ги ослободува капацитети и ресурсите на еден поединец, да биде од ден во ден подобра верзија на самиот себеси.

Освен како корисна алатка, со својот А5 формат, ПланУМ претставува практичен производ кој идеално се вклопува во сечија чанта или актовка а со својот современ и инспиративен дизајн уште подобро му прилега на секој поединец кој води грижа за својот имиџ.

Без разлика дали го користите за остварување на Вашиот 6 месечен фитнес план или 2 месечен диетален режим на исхрана, во намерата паметно да издејствувате искачување на повисоко хиерархиско скалило во компанијата, да ги пресретнете па дури и надминете зацртаните деловни таргети, да отпочнете свој сопствен бизнис, до детали да ја испланирате Вашата свадба од соништата или едноставно да ги забележите сите планирани дестинации за патување во годината која следи, ПланУМ ќе биде Ваш верен сопатник, лојален придружник и асистент на Вашиот личен план за развој во 12 месеци.

Планумот може да се купи по цена од 499 денари во сите книжарници и продажни места на ТРИ.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail