Платена практикантска работа за автоматско софтверско тестирање

heder-1.jpg

За нас:

Ние сме нова стартап компанија која се стреми кон задоволување на потребите на нашите клиенти низ целиот свет од областа на софтверското тестирање. Компанијата е во раст и има цел да се етаблира на меѓународниот тестинг пазар воедно и да го прошири својот тим со амбициозен кадар кој ќе придонесе за остварување на поставената цел.

Напомена: Праксата ќе се одвива во просториите на Магмабајт.
https://magmabyte.com

Магмабајт има потреба од следната работна позицијa:

Платена практикантска работа за автоматско софтверско тестирање
(2 практикатинти)

Магмабајт има потреба од два практиканти со можност за засновање на редовен работен однос по завршувањето на практиканската работа, при што ќе се стекне со практично знаење и вештини од информатичката технологија и софтверско тестирање од областа на:

  • Основи на тестирање
  • Поставување на тестинг процес на еден проект
  • Креирање на тест стратегија и тест план
  • Мануелно и автоматско тестирање на веб сервиси (API Testing)
  • Мануелно и автоматско тестирање на кориснички интерфејс (UI Testing)
  • Основи и концепти на програмирање
  • Анализирање на документација за проект и креирање соодветни тест случаи (test cases)

Потребни квалификации:

  • Завршен четврти семестар на некој од техничките факултети од областа на информатичката наука и технологии
  • Одлично познавање на англискиот јазик во усна и пишана форма
  • Согласно Законот за практикантсво, кандидатот не треба да е постар од 34 години и да не е во работен однос

Предност имаат кандидати со основни познавања на:​

  • Основни концепти во програмирање (ООП, Класи, Енкапсулација, Наследување)
  • Основи во Javascript

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail