Плевнеш во париски „Монд”

jordan-plevnes-520x354.jpg

По серијата предавања на Сорбона, угледниот париски, „Монд“, еден од највлијателните весници во светската информативна сфера, го објавува политичкиот есеј на познатиот македонски писател Јордан Плевнеш под наслов ”Макрон, нова шанса за Европа и интеграцијата на Балканот во ЕУ.”

Поместувањето на текстот на уводното место на рубриката Идеи истиот ден, кога Емануел Макрон беше инаугуриран во Елисејската палата, му даде посебно значење на овој бравурозен гест на редакцијата.

Оригиналната анализа на историсклте парадокси на европската идеја низ вековите, Плевнеш како интернационално осведочен балканофил ја започнува со мислата на Никола Бувие дека

“Срцето на Европа се наоѓа на Балканот, а умот е ситуиран меѓу Париз и Берлин”.

Тектонските промени со излегувањето на Велика Британија од ЕУ во европската структура го наведуваат авторот на заклучокот дека наместо европеизација на Балканот ќе се случи Балканизација на Европа и дека малите народи и држави на Стариот Континент ќе бидат единствените бранители на европскиот идеализам.

Монд дава посебно значење на симпозиумот „Хамлет и Европа, да се биде или не”, што по повод десетгодишнината на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА се одржа во Скопје, каде што претседателот на Европската академија на науките уметностите и книжевностите Жан Патрик Конрад ја инаугурира Academia Balkanica Europeana во која се избарни триесeтина врвни уметници од сите балкански земји, кои ќе го остварат својот цивилизациски сон со интеграцијата во Европската унија.

Иавор: Република

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail