Пловечка теретана која ја користи енергијата на луѓето за движење по реката Сена

Plovecka-teretana-koja-ja-koristi-energijata-na-lugjeto-za-dvizenje-po-rekata-Sena-01.jpg

Италијанската фирма „Carlo Ratti Associati“ е авторот на еден интересен проект кој има за цел да ги инспирира луѓето да вежбаат повеќе.

Тие дизајнирале брод кој ја користи човечката енергија за да плови по реката Сена во Париз.

Бродот е долг 20 метри и може да собере вкупно 45 луѓе.

Paris Navigating Gym го истражува потенцијалот за искористување на човековата моќ“ – изјавува Карло Рати.

„Фасцинантно е да се види како енергијата создадена со вежбање во теретана може да се искористи за движење на брод. На некој начин ова искуство дозволува секој поединец да добие поопипливо искуство за апстрактниот поим на ’електричната моќност‘“.

Бродот е сè уште во фаза на изработка, но дизајнерите веруваат дека тој би можел да биде готов за 18 месеци.

Дополнително замислата е бродот да користи обновливи извори на енергија, во форма на фотоволтаични ќелии кои ќе бидат сместени на покривот и ќе ја користат енергијата на сонцето.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail