ПМФ и Правен факултет го одбија предлог моделот за студентско организирање на УКИМ

timthumb.php_-702x336.jpg

Природно-математичкиот факултет и Правниот факултет „Јустинијан Први“ се првите факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ кои досега го отфрлија предлогот за студентското организирање, со кој СПУКМ останува невладина организација во рамки на универзитетот, но со засилена контрола врз неговата работа.

Од Студентски пленум соопштуваат дека по исцрпна дискусија, на седницата на ПМФ се одлучило дека предлогот на УКИМ е само моментално решавање на проблемите и дека се прекршува Статутот на УКИМ, како и Законот за високо образование. Наставно научниот совет на Правниот факултет, пак, донел свој предлог нацрт за тоа како треба да изгледа студентското организирање.

Сепак, уште 21 факултет треба да се изјасни во врска со новиот модел, кој претходно беше усвоен од Ректорската управа. Откако сите факултети ќе го кажат својот став, предлогот ќе се презентира и пред Сенатот, како највисок орган на универзитетот.

Од Пленумот очекуваат и другите факултети да го одбијат овој предлог, а Сенатот при донесувањето на конечната одлука да ги земе предвид сите размислувања.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail