По 130 години одново откриено 8-мо светско чудо

vest_4_cudo_1.jpg

По повеќе од еден век поминат закопани од вулканска ерупција, изгубените „розови и бели тераси“ во Нов Зеланд можеби се повторно откриени под слоевите пепел и кал.

Еднаш нарекувани природно светско чудо, најголемите депозити на силика од овој вид на Земјата се сметало дека се уништени во ерупцијата на Mount Tarawera во 1886-та. Но сега истражувачите тврдат дека лоцирале каде тие се лоцирани и се сомневаат дека некои од нив се сочувани до денес.

Розовите и бели тераси на Нов Зеланд биле најголеми депозити на силика кои „синтерувале“ – тоа е процес кој се случува кога минерален извор или гејзер остава доволно седименти за да се формира кора, која креира природни тераси, насипи или конуси околу водата.

Постоела „бела тераса“ на североисточниот дел од езерото Ротомахана и „розова тераса“ која се наоѓала на друг близок брег. Се сметало дека розовата нијанса која се наоѓала кај некои од терасите била поради присуство на големи колонии од пигментирани бактерии како што се Thermus ruber – „роднините“ на микро организмите кои се населени во познатиот шарен Morning Glory базен во Јелоустоун

Рекс Бун, независен истражувач и дел од тимот, во 2016 добил стар дневник кој припаѓал на Фердинанд вон Хочстетер, геолог од 19-тиот век, кој во 1859 бил најмен од владата на Нов Зеланд геолошки да ги истражи островите.

Во неговите забелешки, тој ја имал обележано локацијата на терасите, скоро 3 декади пред вулканската ерупција која не само што ги закопала, туку и драстично го променила пејзажот така што обележаната локација денес веќе не се наоѓа на истото место.

Бун решил да ја реконструира мапата на езерото на Хочстетер користејќи техника наречена форензична картографија, која вклучува споредување на сегашните топографски мапи со податоците од 1859-та, поклопувајќи одредени геолошки елементи се додека не се пронајде најверојатната локација на терасите.

По 12 месеци и 2500 часови вложени во истражувањето, Бун сега смета дека ја идентификувал локацијата на терасите, и дека е блиску до нивното повторно откривање, бидејќи развил алгоритам кој ја обележал нивната локација со маргина за грешка од плус или минус од 35 метри.

Одлуката за откопување на областа им е дадена на авторитетите на локалното племе Тухоуранги, а Бун смета дека доколку решат терасите да се откопаат, дека ќе се пронајдат делови од нив кои се недопрени.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail