nagradi_za_najuspesnite_06-702x336.jpg

Најдобрите 17 ученици, од средните училишта во општина Битола, кои минатата учебна година, постигнаа најдобри резултати на државните натпревари по повеќе наставни предмети, меѓу кои: микробиологија, физика, географија, латински јазик, математика, информатика и други стручни предмети, денес беа наградени од градоначалничката на општина Битола. Наградата претставува поддршка и поттик за учениците за нови големи резултати, но и мотив сите други ученици да го следат нивниот пример. Поддршката на талентираните и трудољубиви ученици од градоначалничката на општина Битола, доаѓа еден ден пред одбележувањето на Денот на независноста на Република Македонија, а претставува дополнителна стимулација и поддршка за младите луѓе во општината, која локалната самоуправа ќе продолжи да ја практикува и во следниот период.

„Се наоѓаме на почеток од новата школска година и се наоѓаме, точно пред празникот 8 септември. Двата поводи, се доволна причина, во оваа прилика, од ставката разни трансфери, за која што во минатиот период, честопати зборувавме каде одат средствата, од Програмата на градоначалник, да бидат доделени по 3000 денари на секој ученик од средните училишта во Општина Битола, кои имаат освоено награда – I место на државните натпревари, како поддршка за нивните успеси во изминатата школска година, а како мотив да продолжат на тој начин и мотив повеќе и за останатите ученици, да нижат успеси и да стекнуваат повисоки знаења”, изјави градоначалничката на општина Битола, м-р Наташа Петровска.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail