По неколкумесечна пауза „Спејс-Икс“ повторно лансираше ракета (видео)

По пауза од речиси шест месеци, компанија „Спејс-Икс“ повторно лансираше ракета од типот „Фалкон 9“.

Ракетите на „Спејс-Икс“ се познати по тоа што може да бидат повеќепати лансирани, што меѓу другото, ги намалува и трошоците.

Илон Маск, кој е сопственик на оваа компанија за аеронаутика и астроонаутика, сака таа да биде првата, која ќе слета на Марс.

Засега „Спејс-Икс“ нема дозвола од американската Национална воздухопловна и вселенска администрација (НАСА) да лансира ракети со екипаж, но се очекува да ја добие во најскоро време.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail