По отварање на првата, Илон Маск најавува изградба на уште четири гига-фабрики!

tesla-gigafactory2-e1487863350244.jpg

Tesla стартува со амбициозен план за градење на дури пет гигафабрики. Илон Маск изјави дека втората гигафабрика на Tesla ќе биде соларна фабрика која во моментов се гради во Бафало, Њујорк, а финалните локации за останатите три гигафабрики ќе ги објави подоцна годинава.

Инсталацијата на опремата за ‘модел 3’ се врши во Фримонт и во гигафабриката број 1, каде што во јануари годината стартуваше производството на батерии. Подоцна годинава ќе ја донесеме финалната одлука за гигафабриките 3, 4 и 5“, вели Илон Маск.

Од компанијата Tesla истакнаа дека првите електрични возила „Модел 3“ ќе бидат готови до јули годинава, а комерцијалното производство ќе почне во септемри 2017 година.

5.000 возила неделно ќе се произведуваат во четвртиот квартал од годинава, а веќе од идната година тој број ќе се зголеми на 10.000 возила неделно.

tesla gigafactory

Во втората половина од годинава ќе стартува и производството на соларни покриви во гигафабриката во Њујорк. Маск претходно изјави дека мора да се изградат најмалку 200 гигафабрики со цел да се задоволи побарувачката за електрични возила.

извор: inovativnost.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail