По повод месецот на виното и љубовта: И книгите одат во пар, избери книги и спари ги !

07022017122714_web_kniga.jpg

Издавачката куќа „Антолог“ ја најавува акцијата „И книгите одат во пар“, која почна вчера и ќе трае до крајот на февруари. По повод Месецот на виното и љубовта, „Антолог“ нуди прекрасни можности за подароци.

– Во „Антолог“ овој месец и книгите одат во пар, а ги спарувате вие. Само за 400 денари читателите може да си направат комбинација од две книги (по сопствен избор) од 12 наслови, меѓу кои се: „Љубовна саботажа“ од најценетата белгиска писателка Амели Нотомб, „Жените на Лазар“ од Марина Степнова, добитничка на највисоката руска книжевна награда „Големата книга“, „Вештерката и дождот“ од Јурга Иванаускаите, забранет роман во Литванија, кој стана европски бестселер, и други – велат од „Антолог“.

Традиционално, и овој февруари, за секоја сметка над 900 денари купувачите ќе добијат на подарок шише првокласно вино.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail