bitkoin.jpg

Зголемениот интерес по виртуелната валута Биткоин предизвика не само огромен раст и долги расправи за тоа дека е тоа балон, туку и голем пораст на потрошувачка на електрична енергија во цел свет.

Спрема индекс на потрошувачка на Bitcoin Energy Index кој го изработи Digiconomist, како и проценка на моментална годишна потрошувачка на електрична енергија до 20 декември, побарувања или “рударење” по Биткоин троши 29,05 милијарди киловат часа (kWh).

Бројката претставува 0,13 посто од глобална потрошувачка на електрична енергија или колку што 159. би потрошиле електрична енергија

Ако ги ставиме сите “рударења” на Биткоинот во една земја, тие би биле рангирани на 61 место во светот врз база на потрошена енергија, и може да се спореди со државите како што е Мароко и Словачка.

“Ако и понатаму се продолжи со ова темпо “рударење” на Биткоин ќе ја потроши целата електричн енергија во светот до фебруари 2020, известува ПоверPover Compare.

На веб страната исто така се споредува глобалбалниот приход од “рударење”, кој моментално стои на 7,2 милијарди долари, а се проценува дека глобалните расходи на “рударење” се околу 1,5 милијадри долари. Бројките покажуваат дека за број еден светска дигитална валута се уште вреди “рударењето”.

Веб страната исто така направила споредба и процена дека “рударење” на Биткоин троши електрична енергија која можат да ја употребат 24 милијони Американси и 6,1 милијон Британци.

“Рударењето” троши повеќе електричн енергија од поедини американски сојузни држави. Аљаска, Хаваи, Ајдахо, Мејн, Монтана, Њу Хемшир, Њу Мексико, Северна Дакота, Исланд, Јуѓна Каролина, Вермонт и Вајоминг” – тврдат аналитичарите.

Спрема мапата, Ирска моментално троши 25 милијарди киловат часови електрична енергија годишно, така што глобалната потрошувачка во “рударење” на Биткоин дури 16 посто е поголема отколку што таа земја реално би потрошила.

Потрошувачката на електрична енергија во Велика Британија се проценува на 309 милијарди киловат часови електрична енергија годишно, со што глобалната потрошувачка во “рударење” на Биткоинот е еквивалентен на само 9,4 посто од вкупната потрошувачка во Велика Британија.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail