T5R2X-screenshot-1.jpg

Оваа професорка предвидува дека мобилните телефони ќе станат “минато“.

Професорката од Универзитето Стерн во Њујорк, Ејми Веб, предвидела дека мобилните телефони наскоро би можеле да исчезнат и наведува дека тоа не би било првпат да дојде до радикална промена кога станува збор за модерната технологија, пренесуваат од агенцијата „Tanjug“.

Таа предвидува дека ќе се појават нови уреди кои ќе ја преземат функцијата на мобилните телефони.

„Денес расте продажбата на безжичните Блутут слушалки преку кои лесно се управува и со телефоните. Има сè повеќе направи со кои може да се управува со гласовни команди. Мислам дека наскоро повеќе нема да има еден апарат со еден екран како што е мобилниот телефон туку поголема серија од апарати кои се поврзуваат со самиот телефон“ – вели Веб.

Таа проценува дека е можно во наредните десет години технолошките уреди да се поврзуваат со “паметни“ очила или пак ракавици и наведува дека во претстојново лето ќе биде “добата на паметни очила“.

Исто така Веб вели дека денес кај мобилните телефони повеќе нема големи иновации, а исто така и нивната продажба опаѓа, а тоа само ќе го забрза процесот на нивното исчезнување.

„Да се присетиме на времето пред 20 години кога имавме експанзија на дигиталните камери и појавата на преносни компјутери. Кој би рекол дека само 10 години подоцна ќе ги имаме тие два апарати во едно – мобилен телефон“ – изјавила Веб.

И, навистина звучи логично дека сега е времето мобилните телефони да се интегрираат во нешто ново…

извор: точка.мк

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail