Почина највозрасниот човек на светот, Италијанката Ема Морано

ema.jpg

На 117-годишна возраст денеска почина највозрасниот човек на светот, Италијанката Ема Морано.

Таа беше последниот жив човек, роден во 19. век на 29 ноември 1899 година.

Морано почина во својот дом во италијанскиот град Вербанија.

– Таа водеше еден прекрасен живот и ние секогаш ќе се сеќаваме на нејзината сила за напредок, изјави градоначалникот на Вербанија.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail