Почина писателот Спасе Мазенковски од Мала Преспа

spase.jpg

На 30.05.2018 во родното село Леска, Мала Преспа, е погребан познатиот македонски патриот, писател и публицист Спасе Мазенковски.

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

Роден е во 1953 година во селото Леска кое целиот негов живот му беше инспирација, поради што и не се одвои од него. Беше основач и претседател на организацијата “Преспа”, главен уредник на весникот “Преспа” – единствен весник на македонски јазик во Албанија, основач на првата партија на македонците од Албанија “Македонска алијанса за европска интеграција” и член на Друштвото на писателите на Република Македонија и Албанија.

На македонски јазик има објавено повеќе поетски збирки, репортажи и книги од кои најзначајна е „Историја на македонскиот народ во Албанија”

Општина Битола испрати своја делегација на неговиот погреб со која им укажа чест на неговите најблиски и на неговите сожители и пријатели од Мала Преспа.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top