Почна аплицирањето за новата акцелераторска програма на ЦЕЕД Хаб Скопје

rabota.jpg

Отворена е можноста да аплицирате за новата акцелераторска програма на ЦЕЕД Хаб Скопје!

ЦЕЕД Хаб Скопје преку Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кофинансиран од Владата на Швајцарија, имплеметиран од ЦЕЕД Македонија, обезбеди aкцелераторски инвестициски фонд од 30.000 долари, коишто ќе бидат инвестирани во селектирани стартапи.

Акцелераторската програма, која трае 14 недели, на стартапите ќе им обезбеди работен простор, ментори, советници, многу настани, едукација, вмрежување, поддршка во развојот на производите или услугите. На крајот, стартапите ќе имаат Demo Day, односно можност своите идеи да ги претстават пред инвеститори, бизнис ангели, инвестициски фондови.

Ако сте:

    • – регистрирана компанија во Македонија не постара од 5 години или би се регистрирале до крајот на февруари
    • – ако сте посветен и функционални тим и имате некаков прототип
    • – ако решавате проблеми со флексибилен начин на размислување и сте подготвени за промени

Аплицирајте до 10-ти февруари!

Апликацијата ќе ја најдете на следниот линк:

https://ceedhubskopje.typeform.com/to/T6ZPAB

CEED_MacedoniaЦЕЕД Хаб Скопје е акцелератор и коворкинг простор, место коешто обезбедува пристап до иновативна и инспиративна работна околина за претприемачи и компании во рана фаза, фриленсери и поединци кои сакаат да започнат свој сопствен бизнис.

ЦЕЕД Хаб Скопје нуди работна околина – биро, пристап до интернет и сала за состаноци, пристап до информации, пристап до знаење, пристап до потенцијални партнери, клиенти и пазари – преку Б2Б и нетворкинг настани, пристап до финансии – презентација пред Клубот на бизнис ангели на ЦЕЕД Македонија и поддршка од професионалци за иновации и креативно размислување – совети од консултанти за иновации и бизнис менаџмент.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail