Почна проектот за дуално стручно образование на Германското стопанство во Македонија

industrija-trgovija.jpg

Делегацијата на германското стопанство во Македонија стартуваше со својот проект за дуално стручно образование, а почна и првата обука за обучувачи.

Претставници од компаниите ДММ Дрекслмајер, Маркарт, Костал, ОДВ-Електрик, Гентерм и средното стручното училиште Киро Спанџов – Брко од Кавадраци ќе минат низ еднонеделна обука и ќе бидат сертифицирани за обучувачи според стандардите за квалитет на Асоцијацијата на германски комори за индустрија и трговија (DIHK).

Обуката на обучувачи (AdA International) која се организира прв пат во Македонија, ја отвори Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во Македонија.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail