Почнал од нула и со помош на Фејсбук денес има семеен бизнис

canti-mistral.jpg

Никогаш не се образувал за бизнис, но денес има работа од која живее целото семејство.

Радош Крстиќ од Ниш има мал семеен бизнис, а почнал од нула.

Почетокот му бил тежок, почнал со многу мал капитал, но ги создал чантите Мистрал кои денес се бренд и се познати и надвор од Србија.

„Желбата за работа, желбата да бидам постојано ангажиран, како и претприемачкиот дух ме поттикнаа да почнам приватен бизнис. Во исто време моите родители останаа без работа, но имаа занает во раце. Со заеднички сили тргнавме во претприемачки походи. Почнавме од нула, со работа и труд, а она што ни помогна беа социјалните мрежи Фејсбук“- вели тој.

Крстиќ раскажува дека со помош на рекламите на Фејсбук за неколку дена успеал да ја продаде првата чанта.

Тоа го охрабрило, па направил уште неколку модели и ги понудил на пазарот.

Прво работеле во една соба, а потоа за да напреднат во работата се рекламирале преку модна блогерка.

Не било лесно да се најде добар материјал, работник и купувач.

Крстиќ за сите оние кои ќе се решат да почнат свој бизнис им порачува дека првите години се најтешки.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top