Почнале во мала куќа, а денес извезуваат во 80 држави

semejstvo.jpg

Во доцните 70-ти години, Енио Де Риго кој се занимавал со градежништво и имал своја компанија, почнал да се занимава со производство на очила.

Денес тој е светски лидер, а има очила со диоптрија, но и очила за сонце кои се бренд.

За оптичката малопродажба неговата компанија е една од најдобрите.

Своите производи ги дистрибуираат во 80 држави и тоа во Азија, Европа и Америка.

„Може да се рече дека почнавме во мала куќа во населбата Позале ди Кадоре. Мојот сопруг се придружи во бизнис со очила во компанија каде беше партнер. Во тоа време бевме петнаесет и работевме по договор за три компании во Германија, САД и Италија“ – вели Емилиана Де Риго.

Кога нивното име станало познато, почнале да работат со своја компанија.

Ангажирале 30 работници кои изработувале очила за сонце.

Во тоа време Де Риго се рекламирале, нешто што многу мал број компании го правеле.

Во 80-те и 90-те години доживеале бум иако имале конкуренција.

Денес за Де Риго, познатиот италијански бренд работат 3000 работници и 19 дизајнери.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail