Почнува 8. Филозофски филмски фестивал

filmski-festival.jpg

Со проекција на филмот „Ограда против зајаци“на Филип Нојс, во Кинотека на Македонија вечер од 19 часот ќе биде отворен 8. Филозофски филмски фестивал. Тој е дел од ревијалната програма „Филм-филозофија“ во која ќе има уште пет филмски наслови, придружени со излагања на универзитетски професори и режисери од Македонија и странство и отворена дискусија со публиката за тема инспирирана од филмот.

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

На годинашниот фестивал, кој во организација на Филозофското друштво ќе трае до 19 април, во официјалната програма ќе бидат прикажани шест долгометражни и 22 кратки филмови. Тие ќе се натпреваруваат за наградите „Златен був“ – за најдобар филм од жирито и од публиката.

Во селекцијата долги филмови, избрани од Кирил Трајчев, професор на Филмската академија на Штипскиот универзитет, се унгарскиот „Граѓанинот“ на режисерот Роланд Враник, украинскиот „Шопенхауер шизофренија“ на Аристарх Нескупов, бразилскиот „Млади и бедни“ во режија на Тиаго Б. Мендонса, романскиот филм „Крај мене“ на Теди Некула, германско-косовската копродукција „Ехо“ на режисерот Дрен Жерка и иранскиот филм „Долг ден“. Кратките филмови, избрани од селекторот Дејан Здравков, ќе бидат прикажани во две вечери, на 15-ти и 16 април.

Ќе има и едукативна програма посветена на најмладата публика и ФФФ Караван по завршување на фестивалот – патувачко кино со филмови од главната програма во Штип, Свети Николе, Прилеп, Битола и Охрид.

Фестивалот почна во 2010 година во организација на Институтот за филозофија, а сега е поддржан од Агенцијата за филм на РМ, Министерството за култура и Град Скопје. Соработува и со Филозофскиот факултет на УКИМ и со четирите филмски академии (Скопје, Штип, Охрид и Универзитеот ЕФТА).

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top