oktorberfest.jpg

Со традиционалната парада на работниците кои ги поставуваат шаторите и со свечено отворање на првото буре со пиво кое го прави градоначалникот на Минхен, денеска почнува 185. Октоберфест, можеби и најпознатиот пивски фестивал во светот.

До 7. октомври на Ливадите на Тереза се очекуваат над шест милиони пивопии од целиот свет, а оваа година за омилениот напиток од хмељ, јачмен, квасец и вод аќе мора да одвојат дури 11,1 евро (за литарска кригла). Фестивалот трае до 7. октомври и е познат по веселата и опуштена атмосфера.

Лична карта на Октоберфест

Основан: 1810 година
Место: Минхен (Ливадите на Тереза)
Траење: 16-18 дена
Пиво: шест минхенски пивари го организираат фестивалот
Количество: 7,7 милиони литри пиво се испиени во 2017 година
Гостите на располагање имаат 14 големи и 20 мали шатори, каде ќе ги служат келнерки во традиционални носии. Обезбедени се 1.800 мобилни тоалети. За безбедноста ќе се грижат над 100 полицајци, а поставени се и безбедносни камери, а во оградениот простор нема да може да се внесе торба со запремнина поголема од 3 литри.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail