Почнува пробното производство на „Тесла Модел 3“

model3_quarter_mod2-1.png

Компанијата „Тесла“ на 20 февруари во фабриката Фримонт, во Калифорнија, ќе почне со пробно производство на „Моделот 3“,  за да ги тестира унапредувањата на оваа машина, извршени токму заради новиот автомобил.

Американскиот производител на електрични автомобили веќе ги информира добавувачите за навреме да се подготват, но не е соопштено колку возила ќе бидат склопени во првата серија. Според некои  медиуми, станува збор за мал број на втомобили.

Што се однесува до сериското производство на возилата наменети за пазарот, „Тесла“ уште во април 2016 година, при претставувањето на прототипот од „Модел 3“, најави дека фабричките ленти ќе проработат со полна пареа дури во јули 2017 година.

Многумина во меѓувреме изразија сомнежи дека Илон Маск, сопственикот на „Тесла Моторс“, ќе успее во така краток временски рок да ги подготви фабричките машини за новиот модел, но со оглед на тоа дека пробната серија  стартува пет месеци пред закажаниот рок, се чини дека се тече според планот.

Конечниот изглед на „Моделот 3“, се уште, не е претставен во јавноста, а неименуван извор од компанијата на почетокот на февруари изјави дека се предвидени помалку стилски корекции во однос на прототипот од 2016 година.

„Тесла Модел 3“ е најавен како пристапен електричен автомобил во однос на другите две возила од гамата на овој производител – „Моделот С“ и „Моделот Х“. Неговата стартна пазарна цена во САД ќе изнесува околу 35.000 без субвенции.

Само во првата недела по презентацијата, во светот се капарисани повеќе од 300.000 примероци на „Моделот 3“.

извор: МИА

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail