kolagen-4.jpg

Здравата исхрана значи здрав однос кон сопственото тело и кон начините на кои тоа се менува низ годините. Современиот човек знае дека овој начин на размислување за сопствената диета и активниот избор таа да се усовршуваовозможува бенефити за неговото здравје на долги патеки, со позитивни ефекти што се мерат во подобрена виталност, енергија и животен елан. Креирањето на идеални комбинации на компоненти што ги предизвикуваат овие ефекти е основната тенденција на модерната прехранбена индустрија, пред сè на брендови како Виталиа за кои квалитетната здрава храна е алфа и омега на нивното постоење. Помеѓу низата производи кои се дел од понудата на Виталиа, последната иновација во нивниот асортиман е колагенската линија што содржи разновиден склоп на продукти кои се збогатени со колаген.

Додавањето на колагенот во храната е еден од најновите трендови во функционалната здрава исхрана, со повластено место во она што се нарекува „храна за убавина”. Тоа се должи на една од главните карактеристики на оваа состојка, а тоа е одржувањето и подобрувањето на еластичноста и хидратацијата на кожата. Колагенот, кој е природно присутен протеин во човековото тело, е еден од дватаконституенти одговорни за здравјето и ревитализацијата на кожата. Поради тоа, тој досега бил употребуван и е познат главно во козметичката индустрија.Меѓутоа, со откривањето на големиот број бенефити за здравјето на човекот полека почнува да се инкорпорира и во рамките на прехранбената индустрија. Имено, одредени истражувања покажуваат дека локалното нанесување на колагенот на кожата е инфериорно во однос на неговата консумација како додаток во храната, што произлегува од неговата повеќеслојна улога како еден од елементарните протеини во телото.

Во Македонија, првата компанија која станува дел од најновиот бран на функционалната исхрана и успева да создаде продукти со колаген е Виталиа. Уникатната формула на производите од новата колагенска линија се состои од биоактивнипептиди, кои по внесувањетово организмот лесно сепреработуваати максимално сеискористуваат.Колагенските напитоци, мусли и оризови каши на Виталиа содржат ваков тип на пептиди, што значи дека зададената грамажа на колаген по порција сосема се апсорбира во телото и ефективно се справува со дневните нутритивни потреби за одржување на здравјето на кожата.

Хранливата содржина на колаген во производите на Виталиа поседува поширок спектар на дејствување. Како состојка која претставува 30% од протеинската маса на човековото тело, колагенот учествува во задржувањето на интегритетот на други органи во телото покрај кожата. Тој е потребен за одржување и зајакнување на функционалноста на мускулите, зглобовите, лигаментите и тетивите. Оттаму, колагенските напитоци COLLAGENBody и COLLAGEN Beauty на Виталиа не ја таргетираат единствено кожата туку, преку комбинацијата на биоактивните пептиди со минерали како магнезиумот и со витаминот Ц, помагаат во зајакнувањето на коските и за зголемувањето на енергијата.

Иновативното решение да се комбинираат колагенските пептиди со жита кои природно содржат аминокиселини како омега-3 и омега-6 во COLLAGEN TAKE AWAY MUESLIја зголемуваат функционалноста на самиот продукт во дневната исхрана.Витаминот Ц и споменатите масни киселини поседуваат нутритивни вредности кои го зголемуваат и самото синтетизирање на природниот колаген во организмот, а помагаат и во преработката на додадените колагенски пептиди во метаболизмот.Покрај напитоците и муслите, колагенската линија содржи и две форми на оризови каши кои се збогатени со компоненти во кои има антиоксиданси. Нивната сообразност со колагенот има позитивно дејство на работата на мускулите, сврзното ткиво и зајакнувањето на имунитетот воопшто.

Овој холистички пристап кон употребата на колагенот во здравата исхрана дозволува производите на Виталиа да бидат соодветен додаток на потребите на организмот од колаген, чие производство во човековото тело се намалува со стареењето.

Супериорноста на колагенската линија на Виталиасе состоитокму во тоа: во нејзиното остварување на идеална комбинација на колаген со состојки кои го поддржуваат и зајакнуваат неговото дејство, а истовремено промовираат разновидни бенефити кои не се ограничени само на еден аспект од целосното здравје и добросостојба на телото. Колагенската линија претставува хармоничен микс на компоненти кои ја овозможуваат продолжената виталност, мобилност и енергија на телото.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail