Подгответе се за инвазија на снежни комарци – руски научници ги открија таму каде што ретко кој преживува (ВИДЕО)

komarci.jpg

На архипелагот на Земјата, Фрање Јосиф, пронајдени се девет нови видови комарци кои може да преживеат на температури под нулата. Нив ги пронашол научник од Пермскиот државен национален истражувачки универзитет, Андреј Крашенков, пренесуваат руските медиуми.

Разликата меѓу комарците отпорни на мраз и обичните комарци е тоа што нивните возрасни единки не се хранат, објаснила прес-службата на универзитетот. Кај овие комарци храна се само ларвите, а возрасните единки живеат со нецелосно развиен усен апарат.

-Организмот на овие инсекти содржи трехалоз, глицерин и други вишеатомски алкохоли. Овие соединенија овозможуваат целосно да им замрзнат, а потоа и да им се задржат функциите и да се разбудат на пролет – изјавил Крашеников.

Наведува дека комарците се најраспространети инсекти во арктичката зона. Овој вид комарци кој е откриен уште во 1993 година претходно не бил опишан.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail