Подгответе се за следниот испитен рок и положете ги сите испити со Feynman методот!

sk.jpg

Постојат неколку тактики и методи за учење кои ви гарантират помал или поголем успех во запомнувањето и успешното полагање на испитите, но малку од нив се исто толку корисни како и старата тактика “објаснување сами на себе”. Она што ви го повторуваа уште од прво одделение во основното училиште но вие не им верувавте,  клучот за успешното учење и меморија е разбирање на она што го учиме.

Ако сакате да си ги олесните вашите студентски денови и лесно дочекате следниот датум за испитниот рок, применувајте ја оваа техника. Еве како да ја примените!

1. Дефинирајте го насловот на темата

Како прв чекор, предлог е да го напишете името на темата или терминот што сакате да го запомните, напишете на празен лист хартија. Тоа може да биде насловот на најтешката лекција на предметот за кој моментално полагате.

2. Преправајте се дека предавате

Вториот чекор е да напишете објаснување за дадената тема, како да го предвате на некој кој сѐ уште немал можност да го слушне. Ова е клучна ставка, самите вие објаснувајќи е најдобар начин да го дознаете и разбете она сеуште не сте го разбрале. Ако само го повторувате материјалот, можете да дојдете до ситуацијата да го научите на памет, а клучот за добро и ефективно учење е разбирање на она што го учите.

3. Помош со книги

Ако застанете во одреден дел или сè уште не разбирате нешто, користете ги книгите, скриптите и другите материјали што ги користевте за испитот. Прочитајте ги повторно, онолку пати колку што треба за да ја објасните целата лекција детално на хартија. На овој начин, ќе избегнете ситуација во која можете да помислите дека знаете одреден дел, затоа што си помогнавте со книгата. Кога пишувате и детално објаснувате сè што го читате во материјалите за учење, само тогаш ќе бидете сигурни дека материјалот е совладан.

4. Поедноставувајте ги изразите

Книгите често користат професионални и посложени изрази. Кога ќе напишете објаснување, обидете се да употребите поедноставни зборови за да го објасните материјалот. На овој начин најдобро ќе ја разберете суштината и е најлесен начин да ги запомните информациите што ви се потребни.

Обидете се да го користите методот на учење на Фейнман, можеби тоа е клучот за успех за следниот испитен рок !

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail