Подвижна клиника која сама доаѓа и го лечи пациентот

Podvizna-klinika-koja-sama-doagja-i-go-leci-pacientot-01.jpg

Студиото „Артефакт“ од Сиетл разви концепт за авономно возило односно мобилна клиника кое врши дијагностика со помош на вештачка интелигенција.

Платформата се заснова на мобилна апликација и неколку апарати низ домот, кои што константно ја мониторираат состојбата на здравјето на корисникот. Тоа значи дека следењето на здравјето на пациентот би се вршело во неговиот дом.

Оваа платформа ќе може да ја регистрира промената на гласот на корисникот и да ги користи податоците и за мерење на емоционалната состојба на пациентот. Со текот на развојот ова потенцијално би можело да се прошири и на останатите апарати и профили на корисникот кои имаат пристап до интернет.

Системот би требало овие податоци да ги собира во фолдер за пациентот и да се поврзува со мобилната клиника.

Ова автономно возило ќе може да прави серија на длабински тестови за здравјето на пациентот, потпомогнато од вештачка интелигенција, а би било презентирано на корисникот на дисплеј прикачен во внатрешноста на возилото.

Виртуелната реалност, исто така, би можела да помогне при прикажување на проблемите на телото и објаснување на симптомите на болеста, а возилото би имало и мобилна аптека која ќе биде постојано снабдена со некои од основните лекови, како би можела веднаш да му помогне на пациентот.

Со овој концепт иноваторите се надеваат дека ќе ги скратат долгите редици за чекање на клиниките, а пациентите ќе можат да добијат побрзи дијагнози и информации директно преку мобилната апликација.

Во случаите кога ќе биде потребна консултација со специјалист, корисниците ќе можат да одржат и видео конференциски повик со специјалист којшто, исто така, ќе може да повика и итен транспорт за пациентот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail