Подземна пештера во Мексико крие остатоци од луѓе стари 9.000 години

pes.jpg

Во најголемата поплавена пештера на светот во Мексико, археолози пронашле остатоци од човек стари најмалку 9.000 години, како и коски од животни кои талкале по Земјата во време на последното ледено доба.

Група на нуркачи неодамна пронашле премин кој ги спојува двете подземни шуплини во источниот дел на Мексико и ја откри најголемата подземна пештера на планетата, што ќе помогне во обидите да се дознае нешто повеќе околу древната цивилизација на Маите.

Полуостровот Јукатан изобилува со монументални споменици од Маите, чии градови користеле разгранета мрежа на отвори, шуплини и подземни води.

Археолозите откриваат дека пронашле 248 пештери во подземен систем долг 3476 километри, познат како Сак Актун. Од 200 археолошки локации кои таму биле откриени, околу 140 се од периодот на Маите.

Некои пештери или отвори имале посебно значење за Маите, чии потомци денеска го населуваат тој регион.

Покрај остатоци од луѓе, биле пронајдени и коски од слонови од мечки од тоа време, соопшти мексиканското Министерство за култура.

Геолошката епоха од најдоцното ледено доба почнала пред 2.6 милиони години, а завршила пред околу 11.700 години.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail