Погледнете го најнаелектризираното место на светот

Се вели дека громот не удира два пати на исто место, ама тоа очигледно не важи за едно место во Венецуела.

Имено, над езерото Маракаибо во Венецуела илјада пати дневно светнуваат молњи. На местото каде реката Кататумбо се влева во езерото Маракаибо во просек има околу 300 бурни денови во годината. Својот врв бурата го достигнува во октомври кога над Кататумба можат да се видат просечно 28 молњи во минута, а небото ноќе е редовно осветлено по десет часа, заради илјадниците молњи кои создаваат природен електрицитет.

Затоа езерото е прогласено како место со најголема концентрација на молњи во светот и како такво е зебележено и во Гинисовата книга на рекорди.

Овој феномен познат е и како Светилникот Маракаибо, Кататумбо молњи, или „вечната бура“.

Со глед на тоа дека до сега не е потврдена ниедна научна теорија за постанокот на молњите, научниците велат дека за појавата на овој феномен придонесуваат уникатната топографија и движењето на вертовите во овој регион.

Кататумбо молњите се толку јаки што можат да се видат дури на оддалеченост од 400 километри, па на морнарите некогаш им служеле и како навигација.

Метеоролошките податоци 17 години биле собирани и снимани од сателитот „ТRММ“ (Tropical Rainfall Measuring Mission), заеднички проект на НАСА и јапонската агенција за воздушниот простор( Japan Aerospace Exploration), кој има сензори за снимање на молњите на тропското небо.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail