Погледнете го теренско возило на НАСА за на Марс

Кон крајот на минатата година, американската вселенска агенци НАСА објави амбициозен план за колонизирање на Марс. Според предвиденото, до 2030 година луѓето ќе бидат таму, ќе живеат и ќе егзистираат, без директна зависност од Земјата.

Во рамки на тој проект, Агенцијата промовираше и прототип на теренско возило кое ќе се користи на соседната планета.

Долгиот пат кон Црвената Планета и колонизацијата се поделени на три фази. Во следните неколку години треба да бидат извршени и првите тест летови на капсулата „Орион“, којашто НАСА ја подготвува за пренос на Земјани на Марс.

Во рамките на првиот лет, сепак нема да бидат вклучени астронаути. Тоа ќе се случи во втората мисија, која е планирана најрано за август 2021.

За целиот овој проект се прогнозира да бидат потрошени над 33 милијарди долари.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail