Во 21 век луѓето кои сметаат дека Земјата е рамна се многу погласни. Тие тврдат дека планетата е рамна плоча, но немаат конкретни докази.
Само 3 минути се доволни за да се опори таа теорија. Во видеото подолу ќе видите сериозни научни одговори кои на интересен начин илустрираат што всушност би се случувало доколку Земјата навистина беше рамна плоча. Меѓу другото, видеото го дава одговорот на прашањето – како би делувала силата на гравитација, дали би постоеле временски зони и годишни времиња и на крај, дали на таа рамна плоча воопшто би постоеле услови за живот.