Погодете која е најсилната валута во светот

rublaaaa.jpg

Руската рубља, според очекувањата оваа година може да ја заврши како една од најсилните валути во светот, бидејќи само бразилскиот реал забележа подобар курс во однос на доларот од руската валута.

Зголемувањето на цените на нафтата и на зголемениот интерес на странските инвеститори, и покрај санкциите се главните причини за заздравувањето на рубљата, пренесува SEEbiz.

Руската валута оваа година зајакна во однос на доларот за 17 отсто, во што само за малку ја надмина бразилскиот реал кој е зголемен за повеке од 17 отсто во однос на доларот.

Рубљата имаше тешкотии во првиот месец во 2016 година, кога нафтата падна на 27 долари за барел, при што нејзината вредност во однос на доларот падна на најниско ниво досега од 82 рубљи за долар.

Со стабилизацијата на цените на нафтата, курсот на руската валута се врати во 60,40 рубљи за долар во декември оваа година. Денеска рубљата се тргува на ниво од 60,80 за долар и 63,60 за евро, што е и во двата случаи е во близина на 18-месеченото највискоко ниво.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top