Поголемиот дел од децата спијат со мобилните, покажаа истражувањата

phone-4048297_640-560x390-1.jpg

Во извештајот на „Childwise“ се утврдува дека децата на се порана возраст добиваат мобилни телефони, а сега повеќето имаат свој телефон уште на возраст од седум години, пренесува BBC.

Просечното време кое децата на возраст меѓу седум и 16 години го поминуваат на мобилен телефон е три часа и 20 минути.

Научникот Сајмон Леггет вели дека мобилните телефони можат „да доминираат во животот на децата“.

Со оглед на тоа што телефоните се толку често при рака тие се како „приватна и лична технологија“, Легтт вели дека тоа може да им отежне на родителите да ги ограничат своите деца да ги користат.

Истражувањето опфатило 2.200 деца во Велика Британија на возраст меѓу пет и 16 години и покажало колку е важна улогата на мобилните телефони во животот на младите луѓе.

57% од нив ги чуваат своите мобилни телефони цело време во кревет, а 44% рекле дека се чувствуваат многу непријатно доколку немаат телефонски сигнал.

Од нив, 42 проценти рекле дека никогаш не се одвоиле од мобилниот телефон и никогаш не го исклучиле.

Иако помладите деца добиваат телефон, возраста од 11 години е моментот кога го имаат скоро сите.

Телефоните на повеќе од 70 проценти од децата се поврзани на интернет.

Мобилните телефони се исто така главниот пат на децата до интернет, без оглед дали ги користат за разговор, гледање забавна содржина или добивање информации.

Младите слушаат музика на своите мобилни телефони многу почесто отколку на радио.

YouTube останува доминантен и го користат 61% од децата секој ден, најчесто пристапуваат од мобилните телефони.

Тоа е омилена апликација и веб-страница на оваа возрасна група, која е особено за гледање на хумористични видеа, слушање музика и пребарување на упатства.

Следуваат Снепчет, Инстаграм и годинава растечката Тик Ток. И Воцап се користи редовно.

Фејсбук не е меѓу првите 10 апликации во оваа возрасна група.

Во однос на гледање на Јутуб, на прво место доаѓа, проследено со Нетфликс.

Дури секое петто дете рекло дека најчесто гледаат програми на ТВ.

„Моментот кога детето има свој мобилен телефон може да биде предизвик за родителите да го следат она што детето го гледа на интернет затоа што е таква приватна технологија затоа што буквално го држат до себе“, вели Легет.

извор: Kumanovonewa

 

 

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail