Погранично село го укинува данокот: Заработуваат милиони на најлесен можен начин и повеќе не сакаат да ги оданочуваат жителите: “Нема смисла, пребогати сме”

selo.jpg

Државната ревизорска установи утврдила дека француското село Ле Пертус, со 586 жители, е пребогато, и дека оваа година треба да до укине локалниот данок и данокот за недвижнини.

Ова место се наоѓа во Пиринеите, на самата граница меѓу Франција и Шпанија, и само од наплата за паркирање заработува 800.000 евра годишно, благодарение на француските шопинг-туристи кои ги паркираат своите автомобили во населбата од каде одат пешки во шпански продавници по поевтини производи.

Дел од главниот пат во селото претставува граница меѓу Франција и Шпанија, а на шпанската страна од авенијата се наоѓаат низа дисконтни продавници кои продаваат алкохолни пијалаци, цигари и други намирници по значително пониски цени од оние на француската страна на улицата.

Бидејќи опозициските пратеници ги блокирале плановите за вложување во проекти како здравствен центар, библиотека и детско игралиште, локалните власти потрошиле само 5.400 евра за јавни потреби.

Ревизорите затоа, водејќи според начелото дека граѓаните мора да добијат противредност од своите даночни издвојувања, препорачале да им се укине данокот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail