2tm.jpg

„Заборавете на се што сте учеле на факултет“ – ова е реченицата која ја слушааат голем број дипломци од својот прв работодавач.

За да не ви се случи непријатно да се изненадите кога ќе сфатите дека здобиеното знаење на факултет е бескорисно, треба однапред да ги дефинирате вашите кариерни планови. Планирањето можете да го започнете по првата година од студирањето, односно откако ќе фатите ритам со студентскиот живот, кога ќе се навикнете на новиот колектив и кога ќе можете објективно да ја оцените ситуацијата.

Од каде да се почне

Треба да сфатите што сакате да постигнете во животот, за што сте способни и во што сте навистина добри. За многумина одговорот на ова прашање нема да биде едноставен и очигледен – соновите и кариерните цели можат да се променат неколку пати во текот на животот. Покрај тоа, називот кој ви стои во дипломата не ве обврзува да работите во строго одредени области (статистички, 27% од луѓето со завршен факултет работат во својата струка) и тоа е добро. На пример, ако студирате англиски јазик, покрај предавач можете да работите и како аташе за односи со јавност или можете да работите како менаџер во транснационална корпорација. Доколку сте иден социолог, вашата способност за наоѓање и анализирање на информации можат да ви помогнат да станете успешени да речеме во новинарството.

Важно е да знаете дека успешното завршување на факултетот не може да ви гарантира моментално добивање на престижна работа и блисковит скок на кариерните скалила. Не заборавајте: на вашите професионални успеси не влијаат само нивото на компетентност, организаторските и лидерските способности, туку и способноста за изнаоѓање заеднички јазик со луѓето и работата во тим.

За време на студиите

Морате да разработите план со активности кои ќе ви помогнат да дојдете чекор поблиску до избраната професија. Овде не се брои само академскиот успех, туку и додатните задачи, кои ќе влијаат на вашиот професионален развој.

Затоа, можете да:

  • учествувате во студентски проекти, манифестации и конкурси кои се однесуваат на одредени специјалности
  • ги пратите конкурсите за размена и пракса во својата област: по дипломирањето, кандидатот со практично искуство и неколку работни места во својата биографија, ќе биде еден чекор пред своите колеги
  • најдете летна работа преку која ќе се здобиете со вештини кои во иднина можат да ви помогнат да ја постигнете конечната кариерна цел
  • држите приватни часови: тоа ќе ви овозможи да ги сочувате стекнатите знаења од општите предмети и да ги развивате наставничките вештини
  • учествувате како волонтер во важни социјални проекти во својот крај: покрај здобивањето со корисни вештини, ќе се истакнете како самоиницијативен човек со активен животен став, што може да биде важно за потенцијалниот работодавец.

Документирајте и сочувајте ги на компјутерот резултатите од сите ваши активности – учество на конференции, конкурси, предавања; посетување на курсеви за јазик и посета на факултативна настава. Не заборавајте да запишете кои вештини сте ги стекнале. Од таков „кариерен фасцикл“ нема да ви биде тешко да составите работна биографија, што значително ќе ви го олесни барањето на работа по завршувањето на факултетот.

По завршувањето на факултетот

Еве уште неколку совети кои ќе ви помогнат по завршувањето на факултетот да го „омекнете“ срцето на секој работодавец.

  • Не заборавајте: ќе имате предност пред сите други кандидати во компанијата во која сте стажирале или сте биле на пракса. Потсетете ги на вас така што ќе им ја испратите вашата работна биографија
  • Преземете иницијатива: испратете ја вашата работна биографија во компаниите во кои би сакале да работите, независно од отворените конкурси
  • Почнете кариера од кое било работно место во компанијата во која би сакале да работите. Така ќе добиете прилика да дознаете повеќе за колективот, да добиете драгоцено искуство и да стекнете многу врски. Доколку се покажете како одговорен работник кој превзема иницијатива, наскоро ќе ја заслужите и работата од соништата.
  • Не се плашете да превземете тешки задачи: вештините и знаењата се нешта кои се здобиваат, но нив нема да ги стекнете ако вршите постојано исти задачи. Учеството во комплицирани проекти ќе ви даде можност да се развивате како личност, но и како професионалец. Тоа ќе ви претставува задоволство и ќе ви ја зголеми самодовербата
  • Искористете ги врските: кога имате „познајник на познајникот“ кој работи во компанијата што вас ве интересира, не се двоумите да го прашате дали има слободни места. Покрај тоа, работниците и работодавците се бараат и наоѓаат меѓусебе на социјалните мрежи: јавни огласи за работа, специјалисти за човечки ресурси и „шеровите“ на пријателите можат да ви помогнат да најдете одлична
    работа

Не заборавајте: цртите на вашата личност и јасно поставената цел се придонес кон вашата успешна кариера и професионална реализација. Бидете љубопитни, работете на себе и ширете ги вашите видици, за да ја добиете во иднина вашата работа од соништата.

За повеќе информации, контактирајте не по пат на е-маил: education@2tm.si, јавете ни се на телефон или исполнете посебен формулар на сајтот на 2ТМ.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail