Покана на предавањето на реномираниот француски професор Тјери Шопен

Untitled.jpg

Покана на предавањето на реномираниот француски професор Тјери Шопен

Почитувани,

Францускиот институт има чест да ве покани на предавањето на реномираниот француски професор Тјери Шопенпрофесор на Високата Школа Collège d’Europe и директор за студии во Фондацијата Роберт Шуман, на тема „Иднината на европската интеграција“.

Предавањето ќе се одржи в понеделник, 9 октомври, во 19 часот, во ЕУ инфо центарот, а ќе го отвори Н.Е. г-дин Кристијан Тимоние, Амбасадор на Франција во Македонија.

Покана на предавањето на реномираниот француски професор Тјери Шопен

Покана на предавањето на реномираниот француски професор Тјери Шопен

ТЈЕРИ ШОПЕН

Тјери Шопен е доктор по политички науки на Високата Школа за општествени науки.

Тој е директор на студии при Фондацијата Робер Шуман, професор на Католичкиот универзитет во Лил (ЕСПОЛ) и визитинг професор на Collège d’Europe во Бриж.

Автор е на повеќе дела на тема европски прашања, меѓу кои Политичка фрактура на Европа, Криза на легитимитетот и политички дефицит, Состојбата на Унијата. Кодиректор е на Извештај на Шуман за Европа.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top