Половина од студентите по економија во Штип не ги знаат даночните стапки во државава

24-vesti.jpg

Штипските студенти по економија, присутни на денешната дебата „Ајде Да зборуваме за даноци“ паднаа на мини квизот на министерот за финасии Тевдовски. Половината од нив покажаа дека не ја знаат висината на даночните стапки во државата. Сепак дел од нив дебатираа со Тевдовски и директорката на УЈП, Лукаревска за даночниот систем  и ефектите од  воведувањето на прогресивниот данок.

30 % од БДП на државата се собрани од даноци, а од финансии најавуваат и дека проектот за поврат на ДДВ ќе значи намалување на даночната евазија. Според Министерот Тевдовски новото зголемување на минималната плата нема да значи отпуштање на работници и затворање на фирмите кои сега се на граница на рентабилност. Потврда за тоа според него е намалувањето на неевработеноста, што сега е под 20 проценти.

Од  УЈП најавија дека од Понеделник ќе почне дистрибуцијата на електронските даночни пријави до граѓаните, а на дебата во организација на фондацијата Фирдих Еберт беше спомената и подготовката на измените на законот во делот на данок на имот.

Извор Телевизија 24 вести

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail