Полска ги објавува онлајн податоците на персоналот од Аушвиц

20170131-polska-gi-objavuva-podatocite-na-personalot-od-aushvic-onjaln-m-1.jpg

Детали од персоналот на концентрациониот логор Аушвиц за прв пат се објавени во јавноста и тоа онлајн. Оваа база на податоци имено содржи 9686 имиња, но ова е дел од проект со кој се собираат имињата на персоналот и од други логори на нацистичка Германија.

До сега се собрани податоци за околу 25.000 луѓе. Базата на податоци е достапна на пет јазици и се смета дека е алатка за собирање сурови факти, а не за изразување на мислења за темата. Во окупираната Полска се убиени околу 1,1 милион луѓе, повеќето Евреи, а околу 232.000 од жртвите во Аушвиц биле деца.

Објавувањето на базата на податоци се случува отколку музејот во поранешниот Аушвиц-Биркенау камп побарале од Германците и Австријците да предадат материјал што може да фрли светлина на „мотивот и менталитетот“ на персоналот во времето на војната. Во базата на податоци има 350 пресуди против вработените во кампот во судски процеси за воени злосторства по војната, но сѐ уште не се преведени.

Пиотр Сивински од Аупвиц-Биркенау музејот изјавил дека нацистите уништиле многу фајлови од кампот на крајот од војната и дека има повеќе документација за затворениците отколку за персоналот.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail