Денеска нешто после пладне ниско загадување на воздухот во Битола, за разлика од вчера кога имавме многу високо загадување особено во претпладневните часови.
Според информациите кои се на веб страницата на Министерството за животна средина денеска околу пладне состојбата во Битола стабилна. Мерната страница Битола 1 и Битола 2, едната во центарот, а другата во индустрискиот дел на градот покажуваа ниско загадување со ПМ 10 честичките. Последните надминувања на максимално дозволените концентрации се од синоќа на полноќ. Наместо дозволените 35 митрограми на метар кубен имавме во Битола еден 248, а во Битола два 167,7 микрограми на метар купен, наместо дозволените 35.