Популацијата во Западна Европа расте на штета на Источна

populacijaa.gif

Бројот на населението во Западна Европа значително се зголемува благодарение на миграцијата, додека Источна Европа има проблем со демографијата поради заминувањето на граѓаните, потенцираат од Австриската академија на науките (OEAW) и виенскиот центар Витгенштајн.

Тие анализирале развојот на население во Европа во периодот меѓу 1990 и 2017 година, земајќи ги предвид природниот демографски развој и миграцијата.

Дошле до заклучоци дека во Европа само неколку стотини километри раздвојува територија со силен пораст на населението и територија со „алармантен демографски пад”.

Во Ирска има раст од 36 отсто, пред се благодарение на природниот демографски развој, додека во  Босна и Херцеговина населението е намалено за 22 отсто, поради емигрирањето.

Останати држави со раст на населението се Швајцарија – 26 отсто, главно поради имиграцијата, Норвешка – 24 отсто (природен прираст, и благодарение на миграција), Шпанија со 20 отсто (миграција), Франција со 18 проценти (помалку миграција повеќе природен прираст) и Шведска со 17 проценти (миграција).

Кога станува збор за Германија, научниците дошле до неочекувани податоци – на една страна тоа е западноевропска земја со јасен пад на бројот на население (минус четири проценти), но раст на миграција од девет проценти, што е помалку во споредба со други земји.

Од друга страна, Бугарија, Летонија, Литванија, Молдавија, Босна и Херцеговина и во Косово од 1990 година има намалување на населението за повеќе од 20 проценти.

Растот е видлив само во Словенија и Словачка со три проценти.

Намалувањето на населението во Источна Европа е во речиси сите земји предизвикано од миграцијата.

МИА

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail