global-warming-e1561544681773.png

Нови истражувања од Обединетите нации и Универзитетот Стенфорд покажуваат дека екстремните временски услови и се повисоките температури кои се последица на климатските промени ќе ги направат богатите луѓе уште побогати, а сиромашните уште посиромашни. Според Обединетите нации, климатскиот апартхејд ќе резултира со нови 120 милиони луѓе кои ќе живеат во сиромаштија до 2030 година.

Способноста да се преживеат суровите климатски улсови е битен одлучувачки фактор, а најбогатите луѓе можат да се релоцираат, да ги заштитат своите имоти и повторно да изградат домови. Од друга страна, најсиромашните луѓе мора да се преселуваат, а нивните домови ги оставаат уништени зад себе, исто како и изворите на приходи. Руралните заедници и жените се особено ранлива категорија поради нивната директна зависност од природните ресурси за опстанок и ризикот од суши, поплави и бури кои им ги уништуваат нивните ресурси.

Од Обединетите нации предупредија дека очекуваме сценарио на вистински климатски апартхејд каде што богатите имаат доволно пари да се спасат од преголемите жештини, гладот и конфликтите, додека остатокот од светот е оставен да страда.

CNN го претстави тоа сликовито преку примерот на ураганот Сенди, кога илјадници луѓе со недели без без струја, а седиштето на банката Goldman Sachs беше забарикадирано со вреќи песок и работеше на приватни генератори. Според истражувачи од Стенфорд, пак, глобалното затоплување исто така придонесува богатите земји да бидат попродуктивни. Додека тропските острови и потоплите земји имаат пад на БДП, кој истражувачите го припишуваат на глобалното затоплување, земјите како Норвешка и Канада имаат пораст на економскиот просперитет.

Овие податоци веројатно не се доволни за земјите да дадат максимум за да се придржуваат до обврските од Парискиот климатски договор и да ја ограничат емисијата на јаглерод диоксид, дури иако најсиромашните земји во светот кои емитуваат најмалку гасови страдаат најмногу.

извор: иновативност.мк

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail