Поради „ледено цунами“ наредена евакуација во делови од Америка (видео)

Снимки од ледени блокови како се излеваат од Нијагара се неверојатни. Делови од Америка, околу големото езеро им е наредено евакуација. Најдраматично е во Канада, во градовите Форт Ири во Онтеријо, поради силниот студен ветер кој предизвика огромен леден ѕид. При секој удар на бран на улица се исфрлаат ледени блокови, кои се трупаат еден врз друг формирајќи огромен леден ѕид.

Видеа и фотофрафии се појавија на социјалните мрежи, а овој феномен настана поради силен ветер кој со брзина од околу 120 км на час пустошеше, па во комбинација со ниските температури настана „ледено цунами“

Полицијата во канадскиот град Форт издаде предупредување за возачите, да внимаваат по патиштата поради оваа непогода, а жителите кои живеат во сојузната држава Њујорк, добија повик за евакуација.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail