Поради растот на температурите за 20 години не чека битка за живот

pustina.jpg

Академикот Федор Месингер, еден од најпознатите светски метеоролози, предупредува дека на луѓето многу брзо им претстои битка за живот поради растот на температурите.

Претстојното лето најверојатно ќе биде потопло од претходното. Тоа значи дека во атмосферата ќе има повеќе водена пареа, па треба да се очекуваат сериозни летни невремиња, кои ќе бидат почести и поголеми од што беше само пред 10 години. Тропските циклони ќе бидат почести и посилни од претходно, што подразбира посилни ветрови и посилни грмежи, бури, град и дожд.

Ваквите временски услоци за претстојните и следните лета ги прогнозира академикот Федор Месингер (84) доктор по метеоролошки науки, еден од 12 „апостоли” на светската метеорологија во областа на нумеричката прогноза.

Месингер додава и дека метеоролозите на дневно ниво можат да најават доаѓање на невремиња и да одредат поширок регион каде тоа ќе се случи. Но, самото место каде невремето најжестоко ќе се појавува, вели не може прецизно да се предвиди.

Својата „најава на времето” овој уважен научник ја темели пред се на фактот дека последните три години биле многу топли, секоја потопла од претходната, а тоа како вели, никогаш не се случило за 150 години откако постојат метеоролошките мерења.

– Климата се менува драматично брзо и тоа пред нашите очи, вели Месингер. – Мерењата покажуваат дека мразот моментално се топи, а сателитите гледаат и бележат како се намалува површината под мразот на Арктикот. Во науката повеќе нема сомневање дека доживуваме едно многу сериозно глобално затоплување. Но, за да знаеме што не очекува во иднина, треба да знаеме или да претпоставиме како се менува составот на атмосферата. А, современиот човек за жал е прв фактор за тие промени, додава тој.

Производството на енергија со согорување на фосилните горива, според нашиот соговорник, веќе сега придонесе во атмосферата да има 40 отсто повеќе јаглен-диоксид отколку во пред индустриското доба. Овој гас нема каде да оди и е нај одговорен за создавањето на ефектот на стаклена градина како и за зголемувањето на просечната годишна температура за повеќе од еден степен во однос на пред 150 години.

– Ако продолжи вака, таа температура може многу брзо, веќе за 20 до 30 години да се зголеми за 2 степена. Во тој случај нивото на светските океани ќе порасне за пет метри. Замислете што би значело тоа за човештвото. Каков би бил светот без Венеција, Амстердам и многу други приморски градови? Значи, ни остануваат две до три децении да направиме нешто, инаку сме на пат без враќање и на Земја на која ќе нема место за човекот, продолжува Месингер.

Во спротивно, како што вели соговорникот за „Новости”, нема да биде добро. Нема повеќе да зборуваме за Сината планета на која до сега сме навикнати.

– Ако во претстојните две до три децении дозволиме средната годишна температура да се зголеми за над два степена, веќе внуците на нашите внуци ќе имаат големи проблеми. Не само што ќе им биде премногу топло, туку нивото на светското море постојано ќе се покачува, за до за нас нествари 60 метри. Сите големи градови тогаш би отишле под вода. Нема ѕидови кои во тој случај ќе можат да спречат катастрофа, вели тој.

Според соговорникот за „Новости”, на човештвото во текот на претстојните 20 до 30 години му претстои битка за потомците на Земјата.

– Таа битка може да се добие само ако целосно се запре производството на енергијата од согорувањето на фосилните горива. Треба да ги поддржуваме сите начини на производство на енергијата од обновливи извори. Нуклеарната енергија е одлична, а исто така и соларната како и хидро енергијата и енергијата од ветерот, плимата и осеката… освен тоа, мораме да ја штедиме енергијата и да се прилагодиме на живот со помала потрошувачка на енергија, заклучува овој познат метеоролог.

Вечерње новости

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail