Поради селфија, за седум години загинале 259 лица

selfija.jpg

Едно истражување објавено во “Journal of Family Medicine and Primary Care” утврдило дека од октомври 2011 до ноември 2017 година загинале 259 лица ширум светот додека фотографирале селфија.

Многу луѓе обожуваат да се фотографираат, но тоа задоволство може да се одбие од глава доколку ви падне напамет на позирате на раб од некоја карпа, на железничка пруга или со наполнета пушка во рацете.

Научниците од Индискиот институт за медицински науки во своето истражување воочиле дека најмногу жртви од селфија има токму во Индија, потоа во Русија, САД и Пакистан. Дури 72 отсто од жртвите биле мажи помлади од 30 години, што научниците го објаснуваат со фактот дека машкиот пол во просек е поспремен да се впушти во ризик и во опасна ситуација за да направат импресивна фотографија.

Вљубениците во селфија најчесто настрадуваат од давење, заклучува студијата. На второ место се несреќите поврзани со некој вид на превоз, на пример кога некој се фотографира пред воз кој се приближува во полна брзина и пробува да отскокне секунда предоцна. Третата причина за смрт во текот на фотографирање селфија е истовремено ракување со огнено оружје, што најчесто се случува во САД, а потоа и пад од голема висина.

Научниците велат дека овој проблем е поголем и пораспространет отколку што покажува нивното истражување. Имено, за голем број сообраќајни несреќни е виновното правењето селфија во текот на возењето. Во некои земји во развој, таквите случаи никогаш и не стигнуваат до медиумите, па затоа не можат да се соберат доволно информации.

Авторите на студијата предлагаат воведување на зони за забрана на селфија поради опасноста по живот: на планински врвови, на карпи, на врвови од високи згради итн. Токму на тие места најчесто настрадуваат туристите кои сакаат да се фотографираат на опасни локации и да се фалат со своите авантури на социјалните мрежи.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail