Поради жените универзитетот Оксфорд го зголеми времето за полагање испити

oksford.jpeg

Универзитетот Оксфорд ја зголеми должината за полагање испити со цел да се зголеми бројката на успешни жени на универзитетот.

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

Како што објави британски Телеграф , студентките по математика и компјутерски науки, летото 2017 година добиле дополнителни 15 минути за да ги завршат своите испити, откако било утврдено дека „студентките можеби имаат поголеми шанси да бидат негативно погодени од временскиот рок”. Притоа, не била направена никаква промена во должината или тежината на прашањата.

Тогаш за првпат и се презеле вакви чекори. Во претходните години, процентот на машки студенти кои имаат најдобри оценки, бил двојно поголем од жените, за во 2016 година одборот на испитувачи да сугерира дека ќе се направат промени за подобрување на оценките за студентките.

Сепак, и покрај намерата да се намалат родовите разлики, мажите продолжиле да добиваат повеќе најдобри оценки од жените, по двата предмета.

Портпаролот на универзитетот ги брани промените како „академска потреба и фер“ и истакна дека 39 отсто од студентките по математика постигнале најдобри оценки, во споредба со 47 отсто од мажите, што значи дека резултатите на жените се подобруваат од година во година.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top